Јован 18:33-39 MK2006D

33 Тогаш Пилат повторно влезе во преторијата, па Го повика Исуса и Му рече: „Ти ли си Царот Јудејски?“

34 Исус му одговори: „Сам ли го зборуваш тоа или други ти кажаа за Мене?“

35 Пилат одговори: „Та јас Јудеец ли сум? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си направил?“

36 Исус одговори: „Моето царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет, тогаш Моите слуги би се бореле, за да не им бидам предаден на Јудејците; но царството Мое сега не е овде.“

37 А Пилат Му рече: „Ти, пак, Цар ли си?“ Исус одговори: „Ти велиш дека сум Цар. Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината; секој, кој е од вистината, го слуша гласот Мој.“

38 Пилат Го праша: „Што е тоа вистина?“ И кога го рече ова, излезе пак кај Јудејците и им рече: „Јас не наоѓам никаква вина во Него.

39 Но кај вас е обичај да ви пуштам по еден за Пасха. Сакате ли да ви Го пуштам Царот Јудејски?“