1 Во првиот ден од седмицата Марија Магдалена дојде на гробот рано, уште додека беше темно, и виде дека каменот од гробот е поместен.
2 Тогаш отрча и дојде кај Симон Петар и кај другиот ученик, кого Исус го љубеше, и им рече: „Го земале Господа од гробот и не знам каде Го положиле.“
3 Тогаш излезе Петар и другиот ученик, и појдоа кон гробот.
4 И обајцата трчаа заедно, но другиот ученик трчаше побргу од Петар и прв дојде до гробот.
5 И кога се наведна, виде дека лежи само повојот; но не влезе.
6 По него дојде Симон Петар, влезе во гробот и виде дека само повојот стои;