10 Тогаш учениците се вратија дома.
11 А Марија стоеше кај гробот однадвор и плачеше. И, плачејќи, се наведна над гробот;
12 и виде два ангела во бели облеки како седат, едниот кај главата, а другиот кај нозете, каде што беше лежело телото Исусово.
13 Тие ѝ рекоа: „Жено, зошто плачеш?“ Им одговори: „Го земале Господа мој и не знам каде Го положиле!“
14 Штом го рече ова, се заврте назад и Го виде Исуса како стои; но не знаеше дека е Исус.
15 Исус ѝ рече: „Жено, зошто плачеш? Кого го бараш?“ Таа, мислејќи дека е градинарот, Му рече: „Господине, ако си Го зел Ти, кажи ми каде си Го положил, и јас ќе Го земам.“
16 Исус ѝ рече: „Марија!“ Таа се заврти и Му рече: „Равуни“ – што значи: „Учителе!“