21 А Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам.“
22 И кога им го кажа ова, дувна и им рече: „Примете Дух Свети!
23 На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.“
24 А Тома, еден од дванаесетмината, наречен Близнак, не беше со нив кога дојде Исус.
25 Другите ученици му рекоа: „Го видовме Господа!“ А тој им рече: „Додека не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам!“
26 А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана меѓу нив и рече: „Мир вам!“
27 Потоа му рече на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверник, туку верник!“