26 А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана меѓу нив и рече: „Мир вам!“
27 Потоа му рече на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверник, туку верник!“
28 Одговори Тома и Му рече: „Господ мој и Бог мој!“
29 Исус му рече: „Ти поверува затоа што Ме виде; блажени се оние кои не виделе, а поверувале.“
30 И многу други чуда изврши Исус пред учениците Свои, што не се запишани во оваа книга.
31 А овие се запишани за да поверувате дека Исус е Христос, Син Божји, и верувајќи да имате живот во Неговото име.