5 И кога се наведна, виде дека лежи само повојот; но не влезе.
6 По него дојде Симон Петар, влезе во гробот и виде дека само повојот стои;
7 а крпата, што Му беше на главата негова, не стоеше кај повојот, туку одделно, свиткана на едно место.
8 Тогаш влезе и другиот ученик, кој прв дојде до гробот, и виде, и поверува,
9 зашто уште не го знаеја Писмото дека Тој треба да воскресне од мртвите.
10 Тогаш учениците се вратија дома.
11 А Марија стоеше кај гробот однадвор и плачеше. И, плачејќи, се наведна над гробот;