7 а крпата, што Му беше на главата негова, не стоеше кај повојот, туку одделно, свиткана на едно место.
8 Тогаш влезе и другиот ученик, кој прв дојде до гробот, и виде, и поверува,
9 зашто уште не го знаеја Писмото дека Тој треба да воскресне од мртвите.
10 Тогаш учениците се вратија дома.
11 А Марија стоеше кај гробот однадвор и плачеше. И, плачејќи, се наведна над гробот;
12 и виде два ангела во бели облеки како седат, едниот кај главата, а другиот кај нозете, каде што беше лежело телото Исусово.
13 Тие ѝ рекоа: „Жено, зошто плачеш?“ Им одговори: „Го земале Господа мој и не знам каде Го положиле!“