20 Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела бидејќи се лукави.
21 А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.“
22 Потоа дојде Исус со учениците Свои во земјата Јудејска, и таму живееше со нив и крштеваше.
23 А Јован крштеваше во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода; и доаѓаа и се крштеваа,
24 зашто Јован уште не беше фрлен во затвор.
25 Тогаш настана расправија меѓу учениците Јованови и Јудејците околу очистувањето.
26 И дојдоа кај Јован и му рекоа: „Рави, Оној што беше со тебе отаде Јордан и за Кого ти сведочеше, ете, Тој крштева и сите одат кај Него.“