24 зашто Јован уште не беше фрлен во затвор.
25 Тогаш настана расправија меѓу учениците Јованови и Јудејците околу очистувањето.
26 И дојдоа кај Јован и му рекоа: „Рави, Оној што беше со тебе отаде Јордан и за Кого ти сведочеше, ете, Тој крштева и сите одат кај Него.“
27 А Јован одговори и рече: „Не може човек ништо да прими, ако не му е дадено од небото.
28 Вие самите ми сведочите дека реков: ‚Јас не сум Христос, но сум испратен пред Него.‘
29 Оној што ја има невестата е младоженец; а пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа моја радост се исполни.
30 Тој треба да расте, а јас да се смалувам!“