29 Оној што ја има невестата е младоженец; а пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа моја радост се исполни.
30 Тој треба да расте, а јас да се смалувам!“
31 „Кој доаѓа одозгора, тој е над сите; а кој е од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото, Тој е над сите.
32 И за она што виде и чу, за тоа сведочи; и сведоштвото Негово никој не го прима.
33 А тој што го примил Неговото сведоштво потврдил дека Бог е вистинит.
34 Бидејќи, тој што е испратен од Бога, кажува Божји зборови; зашто Бог Го дава Духот неизмерно.
35 Зашто Отецот Го љуби Синот и сѐ Му даде во раката Негова.