32 И за она што виде и чу, за тоа сведочи; и сведоштвото Негово никој не го прима.
33 А тој што го примил Неговото сведоштво потврдил дека Бог е вистинит.
34 Бидејќи, тој што е испратен од Бога, кажува Божји зборови; зашто Бог Го дава Духот неизмерно.
35 Зашто Отецот Го љуби Синот и сѐ Му даде во раката Негова.
36 Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе остане врз него.“