9 Никодим Му одговори и рече: „Како може тоа да биде?“
10 Исус одговори и му рече: „Ти си учител израилев, па тоа ли не го знаеш?
11 Вистина, вистина ти велам: ние зборуваме за она што знаеме, и сведочиме за она, што сме виделе; а вие нашето сведоштво не го примате.
12 Кога за земни работи ви зборувам и не верувате, како ќе поверувате кога би ви говорел за небесните?
13 Никој не се искачил на небото, освен Оној Кој слезе од небото, Синот Човечки, Кој е на небото.
14 И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки,
15 та секој што верува во Него да не загине, но да има живот вечен.