1 Кога разбра Исус дека фарисеите чуле дека Тој придобива повеќе ученици отколку Јован и крштеваше,
2 макар што Самиот Исус не крштеваше, туку учениците Негови,
3 ја напушти Јудеја и отиде пак во Галилеја.
4 Требаше да мине преку Самарија.
5 Така, дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето, што му го даде Јаков на својот син Јосиф.
6 Таму беше изворот на Јаков. Исус, пак, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот час.