15 Жената Му рече: „Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да идам овде за полнење!“
16 Исус ѝ рече: „Оди, повикај го твојот маж и дојди тука!“
17 Жената одговори и Му рече: „Немам маж.“ Исус ѝ рече: „Право кажа дека немаш маж;
18 зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; право рече.“
19 Жената Му одговори: „Господи, гледам дека си Ти пророк!
20 Нашите татковци се поклонуваа на оваа планина, а вие велите дека во Ерусалим е местото каде што треба да се поклонуваме.“
21 Исус ѝ рече: „Жено, верувај Ми дека доаѓа време кога ниту на оваа планина, ниту во Ерусалим не ќе се поклонувате на Отецот.