18 зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; право рече.“
19 Жената Му одговори: „Господи, гледам дека си Ти пророк!
20 Нашите татковци се поклонуваа на оваа планина, а вие велите дека во Ерусалим е местото каде што треба да се поклонуваме.“
21 Исус ѝ рече: „Жено, верувај Ми дека доаѓа време кога ниту на оваа планина, ниту во Ерусалим не ќе се поклонувате на Отецот.
22 Вие му се поклонувате на она што не го знаете, а ние се поклонуваме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.
23 Но иде време и веќе дошло кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние кои Му се поклонуваат.
24 Бог е Дух и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат во дух и вистина.“