23 Но иде време и веќе дошло кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние кои Му се поклонуваат.
24 Бог е Дух и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат во дух и вистина.“
25 Жената Му рече: „Знам дека ќе дојде Месија, наречен Христос; кога ќе дојде Тој, сѐ ќе ни каже.“
26 А Исус ѝ рече: „Јас сум, Кој зборува со тебе.“
27 И тогаш дојдоа учениците Негови и се зачудија дека говореше со жена; но ниеден не Му рече: „Што сакаш?“ или: „Зошто зборуваш со неа?“
28 А жената ја остави својата стомна и отиде в град и им рече на луѓето:
29 „Дојдете, видете Го човекот Кој ми кажа сѐ што сум направила. Да не е Тој Христос?“