29 „Дојдете, видете Го човекот Кој ми кажа сѐ што сум направила. Да не е Тој Христос?“
30 Тогаш тие излегоа од градот и тргнаа кон Него.
31 Во тоа време, пак, учениците Го молеа, велејќи: „Рави, јади!“
32 Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.“
33 Тогаш учениците си проговорија меѓу себе: „Да не Му донел некој да јаде?“
34 А Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело.
35 Не велите ли вие дека уште четири месеци, па ќе настане жетва? А јас, пак, ви кажувам: подигнете го погледот и видете ги нивите како веќе побелеле, готови за жетва.