33 Тогаш учениците си проговорија меѓу себе: „Да не Му донел некој да јаде?“
34 А Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело.
35 Не велите ли вие дека уште четири месеци, па ќе настане жетва? А јас, пак, ви кажувам: подигнете го погледот и видете ги нивите како веќе побелеле, готови за жетва.
36 И жетварот веќе добива плата и собира род за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.
37 Зашто во ова вистинита станува поговорката: ‚Еден сее, а друг жнее.‘
38 Јас ве испратив да го жнеете она за што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.“
39 И мнозина Самарјани од оној град поверуваа во Него поради зборовите на жената која сведочеше: „Ми кажа сѐ што сум направила.“