4 Требаше да мине преку Самарија.
5 Така, дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето, што му го даде Јаков на својот син Јосиф.
6 Таму беше изворот на Јаков. Исус, пак, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот час.
7 Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пијам!“
8 А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна.
9 Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, жена Самарјанка, да пиеш?“ Зашто Јудејците со Самарјаните не се мешаат.
10 Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: ‚Дај Ми да пијам‘ – ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.“