40 Кога дојдоа, пак, Самарјаните кај Него, Го замолија да остане кај нив. И Тој остана таму два дена.
41 И уште повеќе поверуваа поради словото Негово;
42 а на жената ѝ велеа: „Сега веќе не веруваме само заради твоето кажување, зашто сами чувме и знаеме дека Тој е Спасителот на светот, Христос.“
43 А по два дни, Тој замина оттаму и отиде во Галилеја.
44 Зашто Сам Исус беше посведочил дека пророкот во своето родно место нема чест.
45 Кога дојде, пак, во Галилеја, Галилејците Го примија, зашто беа виделе сѐ што извршил во Ерусалим на празникот; зашто и тие беа на празникот.
46 И така, Исус пак дојде во Кана Галилејска, каде што беше претворил вода во вино. Имаше еден царски човек, чиј син беше болен во Капернаум.