43 А по два дни, Тој замина оттаму и отиде во Галилеја.
44 Зашто Сам Исус беше посведочил дека пророкот во своето родно место нема чест.
45 Кога дојде, пак, во Галилеја, Галилејците Го примија, зашто беа виделе сѐ што извршил во Ерусалим на празникот; зашто и тие беа на празникот.
46 И така, Исус пак дојде во Кана Галилејска, каде што беше претворил вода во вино. Имаше еден царски човек, чиј син беше болен во Капернаум.
47 Тој, штом чу дека Исус пристигнал од Јудеја во Галилеја, отиде кај Него и Го замоли да слезе и да му го излекува синот, зашто беше на умирање.
48 А Исус му рече: „Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате?“
49 Царскиот човек Му рече: „Господи, дојди додека уште не ми умрело детето!“