47 Тој, штом чу дека Исус пристигнал од Јудеја во Галилеја, отиде кај Него и Го замоли да слезе и да му го излекува синот, зашто беше на умирање.
48 А Исус му рече: „Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате?“
49 Царскиот човек Му рече: „Господи, дојди додека уште не ми умрело детето!“
50 А Исус му одговори: „Оди си! Твојот син е жив!“ И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус и си замина.
51 И веднаш, уште додека слегуваше, го сретнаа слугите негови и му јавија: „Синот твој е жив!“
52 А тој ги праша за часот кога му станало полесно. Тие му одговорија: „Од вчера во седмиот час веќе нема треска.“
53 Тогаш таткото разбра дека тоа станало во истиот час кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом.