1 Потоа беше еден празник јудејски, и се искачи Исус во Ерусалим.
2 А во Ерусалим, кај Овчата порта, има бања, по еврејски наречена Витезда, со пет тремови.
3 Во нив лежеа мнозина болни, слепи, куци, исушени, кои очекуваа да се раздвижи водата,
4 зашто одвреме навреме во бањата слегуваше ангел Господов и ја раздвижуваше водата; и кој прв ќе влезеше по придвижувањето на водата, оздравуваше од каква било болест да боледуваше.
5 Имаше таму и еден човек кој боледуваше триесет и осум години.