12 А тие го прашаа: „Кој е тој човек што ти рече: ‚Земи ја постелката своја и оди?‘“
13 Но исцелениот не знаеше кој е, зашто Исус се беше оддалечил бидејќи на тоа место имаше многу народ.
14 Подоцна Исус го сретна во храмот и му рече: „Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо!“
15 А човекот отиде и им кажа на Јудејците дека Исус е Оној што го излекувал.
16 И затоа Јудејците Го гонеа Исуса и сакаа да го убијат, зашто тоа го вршеше во сабота.
17 А Исус им одговараше: „Мојот Отец досега работи, и Јас работам.“
18 Затоа Јудејците уште повеќе сакаа да Го убијат, бидејќи не само што ја нарушуваше саботата, туку и Бога Го нарекуваше Свој Отец, правејќи се еднаков со Бога.