28 Не чудете се на ова, зашто иде часот кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји,
29 и ќе излезат: кои правеле добро – ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување.
30 Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и судам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Отецот Кој Ме прати.
31 Ако Јас сведочам Сам за Себе, сведоштвото Мое нема да биде вистинито.
32 Но има Друг што сведочи за Мене; и знам дека е вистинито тоа сведоштво со кое Тој сведочи за Мене.
33 Вие пративте кај Јован и тој ви посведочи за вистината.
34 Не дека Јас примам сведоштво од човек; туку ова го кажувам за да се спасите вие.