3 Во нив лежеа мнозина болни, слепи, куци, исушени, кои очекуваа да се раздвижи водата,
4 зашто одвреме навреме во бањата слегуваше ангел Господов и ја раздвижуваше водата; и кој прв ќе влезеше по придвижувањето на водата, оздравуваше од каква било болест да боледуваше.
5 Имаше таму и еден човек кој боледуваше триесет и осум години.
6 Кога Исус го виде како лежи, знаејќи дека многу години боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?“
7 Болниот Му одговори: „Господи! Немам човек што ќе ме спушти во бањата кога ќе се раздвижи водата; додека јас да дојдам, друг слегува пред мене.“
8 Исус му рече: „Стани, земи ја постелката своја и оди си!“
9 И веднаш оздраве човекот, ја зеде постелката своја и одеше. А тој ден беше сабота.