32 Но има Друг што сведочи за Мене; и знам дека е вистинито тоа сведоштво со кое Тој сведочи за Мене.
33 Вие пративте кај Јован и тој ви посведочи за вистината.
34 Не дека Јас примам сведоштво од човек; туку ова го кажувам за да се спасите вие.
35 Тој беше светило што гори и свети, а вие сакавте да се порадувате на неговата светлина за кратко време.
36 Но Јас имам поголемо сведоштво од Јовановото; делата што Ми ги даде Отецот да ги извршам, самите тие дела, што ги извршувам Јас, сведочат за Мене дека Ме пратил Отецот.
37 И Отецот, Кој Ме прати, Сам посведочи за Мене. А вие ни гласот Негов никогаш не сте го чуле, ниту лицето Негово сте го виделе.
38 И зборовите Негови не се во вас, зашто не верувате во Оној кого Го пратил Тој.