40 Но не сакате да дојдете кај Мене за да имате живот.
41 Од луѓе слава не примам,
42 но Јас ве познавам дека во себе љубов Божја немате.
43 Јас дојдов во името на Мојот Отец и не Ме примате; а некој друг, ако дојде во свое име, него ќе го примите.
44 Како можете вие да поверувате кога примате слава еден од друг, а славата, што е од Единиот Бог, не ја барате?
45 Немојте да мислите дека Јас ќе ве обвинувам пред Отецот; има кој да говори против вас – Мојсеј, на кого вие се надевате.
46 Зашто, ако му бевте верувале на Мојсеј, и Мене ќе Ми поверувавте, зашто тој пишуваше за Мене.