8 Исус му рече: „Стани, земи ја постелката своја и оди си!“
9 И веднаш оздраве човекот, ја зеде постелката своја и одеше. А тој ден беше сабота.
10 Заради тоа Јудејците Му рекоа на исцелениот: „Сабота е и не треба да ја носиш својата постелка!“
11 Но тој им одговори: „Оној што ме излекува, ми рече: ‚Земи ја постелката своја и оди!‘“
12 А тие го прашаа: „Кој е тој човек што ти рече: ‚Земи ја постелката своја и оди?‘“
13 Но исцелениот не знаеше кој е, зашто Исус се беше оддалечил бидејќи на тоа место имаше многу народ.
14 Подоцна Исус го сретна во храмот и му рече: „Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо!“