11 Исус ги зеде лебовите, заблагодари и им ги подаде на учениците, а учениците на оние што поседнаа; исто така и од рибите, кој колку сакаше.
12 А кога се наситија, им рече на учениците Свои: „Соберете ги останатите парчиња за да не се загуби ништо!“
13 И од петте јачменови лебови собраа и наполнија дванаесет кошници парчиња, што им преостанаа на оние што јадеа.
14 Луѓето, кога го видоа чудото што го направи Исус, рекоа: „Овој е навистина Пророкот Кој требаше да дојде на светот!“
15 Но Исус, штом разбра дека сакаат да дојдат и да Го фатат за да го прогласат за цар, повторно се повлече Сам во гората.
16 А приквечер, учениците Негови слегоа до морето,
17 и откако влегоа во кораб, тргнаа преку морето кон Капернаум. И веќе се беше стемнило, а Исус сѐ уште не беше дошол кај нив.