15 Но Исус, штом разбра дека сакаат да дојдат и да Го фатат за да го прогласат за цар, повторно се повлече Сам во гората.
16 А приквечер, учениците Негови слегоа до морето,
17 и откако влегоа во кораб, тргнаа преку морето кон Капернаум. И веќе се беше стемнило, а Исус сѐ уште не беше дошол кај нив.
18 Морето, пак, се подигаше, зашто дуваше силен ветар.
19 И кога беа поминале дваесет и пет – до триесет стадии, Го видоа Исуса како оди по морето и се приближува кон коработ, па се уплашија.
20 Но Тој им рече: „Јас сум, не плашете се!“
21 Тие сакаа да Го примат во коработ и веднаш коработ пристигна до брегот, каде што одеа.