17 и откако влегоа во кораб, тргнаа преку морето кон Капернаум. И веќе се беше стемнило, а Исус сѐ уште не беше дошол кај нив.
18 Морето, пак, се подигаше, зашто дуваше силен ветар.
19 И кога беа поминале дваесет и пет – до триесет стадии, Го видоа Исуса како оди по морето и се приближува кон коработ, па се уплашија.
20 Но Тој им рече: „Јас сум, не плашете се!“
21 Тие сакаа да Го примат во коработ и веднаш коработ пристигна до брегот, каде што одеа.
22 Утредента наутро народот, што стоеше од другата страна на морето, забележа дека таму немаше друг кораб, освен еден, во кој влегоа учениците Негови, и дека Исус не влезе во коработ со учениците Свои, туку само учениците негови заминаа.
23 И други кораби дојдоа од Тиверијада, близу до она место каде што беа јале леб, откако Господ заблагодари.