2 И по него одеше многу народ, зашто ги гледаа чудата Негови што ги вршеше над болните.
3 А Исус отиде во гората и таму седеше со учениците Свои.
4 И наближуваше јудејскиот празник Пасха.
5 Исус, пак, откако ги подигна очите, виде дека кон Него иде многу народ и му рече на Филип: „Од каде да купиме леб за да јадат овие?“
6 А тоа го рече за да го искуша, зашто Сам знаеше што ќе направи.
7 Филип Му одговори: „Не ќе им биде доволно леб за двесте денарии, па да добие секој од нив по малку!“
8 Еден од учениците Негови, Андреј, братот на Симон Петар, Му рече: