Јован 6:22-28 MK2006D

22 Утредента наутро народот, што стоеше од другата страна на морето, забележа дека таму немаше друг кораб, освен еден, во кој влегоа учениците Негови, и дека Исус не влезе во коработ со учениците Свои, туку само учениците негови заминаа.

23 И други кораби дојдоа од Тиверијада, близу до она место каде што беа јале леб, откако Господ заблагодари.

24 И кога видоа луѓето дека Исус не беше таму, ниту учениците Негови, влегоа сами во кораби и дојдоа во Капернаум да Го бараат Исуса.

25 И штом Го најдоа отаде морето, Му рекоа: „Рави, кога дојде овде?“

26 А Исус им одговори и рече: „Вистина, вистина ви велам: вие не Ме барате затоа што видовте чуда, туку затоа што јадевте од лебовите и се наситивте.

27 Работете не за храна што се расипува, туку за храна што останува за вечен живот и која ќе ви ја даде Синот Човечки, зашто врз Него ставил печат Бог Отецот.“

28 А тие Му рекоа: „Што да правиме за да извршуваме Божји дела?“