26 А Исус им одговори и рече: „Вистина, вистина ви велам: вие не Ме барате затоа што видовте чуда, туку затоа што јадевте од лебовите и се наситивте.
27 Работете не за храна што се расипува, туку за храна што останува за вечен живот и која ќе ви ја даде Синот Човечки, зашто врз Него ставил печат Бог Отецот.“
28 А тие Му рекоа: „Што да правиме за да извршуваме Божји дела?“
29 Исус им одговори и рече: „Божјото дело е ова: да поверувате во Оној Кого Го испрати Тој.“
30 А тие Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш да видиме и да поверуваме? Што ќе направиш?
31 Татковците наши јадеа мана во пустината, како што е напишано: ‚Леб од небото им даде да јадат.‘“
32 Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не ви даде Мојсеј леб од небото, туку Мојот Отец ви дава вистински леб од небото.