30 А тие Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш да видиме и да поверуваме? Што ќе направиш?
31 Татковците наши јадеа мана во пустината, како што е напишано: ‚Леб од небото им даде да јадат.‘“
32 Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не ви даде Мојсеј леб од небото, туку Мојот Отец ви дава вистински леб од небото.
33 Зашто лебот Божји е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот.“
34 Тогаш Му рекоа: „Господи, давај ни го секогаш тој леб!“
35 А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот; кој доаѓа кај Мене, нема да огладни и кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни.
36 Но ви реков: вие и Ме видовте и не верувате.