4 И наближуваше јудејскиот празник Пасха.
5 Исус, пак, откако ги подигна очите, виде дека кон Него иде многу народ и му рече на Филип: „Од каде да купиме леб за да јадат овие?“
6 А тоа го рече за да го искуша, зашто Сам знаеше што ќе направи.
7 Филип Му одговори: „Не ќе им биде доволно леб за двесте денарии, па да добие секој од нив по малку!“
8 Еден од учениците Негови, Андреј, братот на Симон Петар, Му рече:
9 „Овде има едно момче кое има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толку души?“
10 Исус рече: „Кажете им на луѓето да поседнат!“ А на тоа место имаше многу трева. Тогаш поседнаа луѓето, на број околу пет илјади.