46 Не дека некој Го видел Бога, освен Оној Кој е од Бога; Тој го видел Отецот.
47 Вистина, вистина ви велам: Кој верува во Мене има вечен живот.
48 Јас сум лебот на животот.
49 Татковците ваши јадеа мана во пустината и умреа;
50 а ова е леб што доаѓа од небото, и оној, кој јаде од него, нема да умре.
51 Јас сум живиот леб што слезе од небото; кој јаде од овој леб, ќе живее вечно; а лебот што ќе го дадам Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот.“
52 Јудејците пак почнаа да се препираат меѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде телото Свое да го јадеме?“