54 Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.
55 Зашто Моето тело е вистинска храна, и Мојата крв – вистинско питие.
56 Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него.
57 Како што Ме прати живиот Отец и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Мене.
58 Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа мана и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе живее довека.“
59 Ова го кажа Исус во синагогата, кога поучуваше во Капернаум.
60 Тогаш мнозина од учениците Негови, откако го слушнаа тоа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша!?“