61 А Исус, знаејќи во Себе дека учениците Негови негодуваат заради тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува?
62 А што ако Го видите Синот Човечки како се вознесува горе, каде што бил порано?
63 Духот е тој што оживува; телото ништо не ползува. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот.
64 Но има меѓу вас и некои што не веруваат.“ Исус знаеше од почеток кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе го предаде.
65 И рече: „Затоа ви зборувам дека никој не може да дојде кај Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.“
66 Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него.
67 Тогаш им рече Исус на дванаесетмината: „Да не сакате и вие да си отидете?“