1 А Исус отиде на Маслиновата Гора.
2 Утредента пак дојде во храмот и сиот народ доаѓаше кај Него. А Тој седна и ги поучуваше.
3 Тогаш книжниците и фарисеите доведоа кај Него жена фатена во прељубодејство; ја поставија насреде и
4 Му рекоа: „Учителе, оваа жена е фатена во прељубодејство на дело.
5 А Мојсеј во Законот ни заповеда таквите да ги каменуваме; Ти, пак, што велиш?“
6 Тоа го рекоа за да Го искушаат и да имаат за што да Го обвинат. А Исус се наведна долу и почна со прст да пишува во земјата, не гледајќи ги.