12 И пак им рече Исус, велејќи: „Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината во животот.“
13 Тогаш Му рекоа фарисеите: „Ти сведочиш Сам за Себе; Твоето сведоштво не е вистинито.“
14 Исус им одговори и рече: „Макар што сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво е вистинито, зашто знам од каде сум дошол и каде одам; а вие не знаете од каде сум дошол и каде одам.
15 Вие судите по телото, Јас не судам никому.
16 И ако судам Јас, Мојот суд е вистинит, зашто не сум Сам, туку Јас и Отецот, Кој Ме прати.
17 А и во законот ваш е напишано дека сведоштвото од двајца сведоци се смета за веродостојно.
18 Јас сведочам за Себе и Отецот, Кој Ме прати, сведочи за Мене.“