22 Тогаш Јудејците рекоа: „Да не сака да се самоубие и затоа вели: каде што ќе одам Јас, вие не можете да дојдете?“
23 И им рече: „Вие сте од долу, а Јас сум од горе: вие сте од овој свет, Јас, пак, не сум од овој свет.
24 Затоа ви реков дека ќе умрете во своите гревови; бидејќи, ако не поверувате дека Јас Сум Тој, ќе умрете во гревовите свои.“
25 Тогаш Му рекоа: „Кој си Ти?“ Исус им одговори: „Почеток, како што и ви велам.
26 Многу имам за вас да зборувам и да судам; но, Оној што Ме прати е вистинит и она што сум чул од Него, тоа и му го кажувам на светот.“
27 Но не разбраа дека им говореше за Отецот.
28 А Исус им рече: „Кога ќе Го издигнете Синот Човечки, тогаш ќе сфатите дека сум Јас и дека ништо не правам Сам од Себе, туку, како што Ме научи Мојот Отец, така и зборувам.