28 А Исус им рече: „Кога ќе Го издигнете Синот Човечки, тогаш ќе сфатите дека сум Јас и дека ништо не правам Сам од Себе, туку, како што Ме научи Мојот Отец, така и зборувам.
29 Оној што Ме прати е со Мене; Отецот не Ме остави Сам, зашто секогаш го вршам она што Му е угодно.“
30 Кога Тој го зборуваше ова, мнозина поверуваа во Него.
31 Тогаш Исус им говореше на оние Јудејци, што беа поверувале во Него: „Ако вие останете во Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици;
32 и ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.“
33 Му одговорија и рекоа: „Ние сме семе Авраамово и никогаш никому не сме робувале; а како Ти велиш: ‚Ќе бидете слободни?‘“
34 Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам: секој што прави грев, роб му е на гревот.