3 Тогаш книжниците и фарисеите доведоа кај Него жена фатена во прељубодејство; ја поставија насреде и
4 Му рекоа: „Учителе, оваа жена е фатена во прељубодејство на дело.
5 А Мојсеј во Законот ни заповеда таквите да ги каменуваме; Ти, пак, што велиш?“
6 Тоа го рекоа за да Го искушаат и да имаат за што да Го обвинат. А Исус се наведна долу и почна со прст да пишува во земјата, не гледајќи ги.
7 Кога продолжија да го прашуваат, Тој се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“
8 И пак се наведна долу и пишуваше по земјата.
9 А тие, штом го чуја тоа, бидејќи совеста ги гризеше, се разотидоа еден по еден, почнувајќи од најстарите па до последните: останаа само Исус и жената, која стоеше насреде.