46 Кој од Вас може да Ме обвини за грев? Ако ли, пак, вистина зборувам, тогаш зошто не Ми верувате?
47 Кој е од Бога, тој ги слуша Божјите зборови. А вие не ги слушате, зашто не сте од Бога.“
48 Тогаш Јудејците Му одговорија и рекоа: „Не зборуваме ли право дека си Ти Самарјанин и дека демон има во Тебе?“
49 Исус им одговори: „Во Мене нема зол дух, туку Го почитувам Својот Отец, а вие Ме бесчестите.
50 Но Јас не барам Своја слава; има Друг што ја бара, и што ќе суди.
51 Вистина, вистина ви велам; кој ќе ги запази зборовите Мои, нема да види смрт довека.“
52 Тогаш Јудејците Му рекоа: „Сега разбравме дека демон има во Тебе: Авраам умре, и пророците, а ти велиш, кој ќе ги запази зборовите Мои, смрт нема да види довека.