53 Да не си Ти поголем од нашиот татко Авраам, кој умре? И пророците умреа; а за кого се сметаш Себе си?“
54 Исус одговори: „Ако се славам Сам, тогаш славата Моја е ништо; Оној Кој ме прославува е Мојот Отец, за Кого вие велите дека е ваш Бог;
55 но не Го познавате, а Јас, пак, го знам. И ако кажам дека не Го познавам, ќе бидам лажго како вие. Но Јас Го знам и го пазам словото Негово.
56 Авраам, таткото ваш, се радуваше да го види Мојот ден; и го виде, и се зарадува.“
57 Тогаш Јудејците Му рекоа: „Уште немаш ни педесет години – а си го видел Авраам!?“
58 Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас постојам уште пред да се роди Авраам.“
59 Тогаш зедоа камења за да ги фрлат на Него; Исус се сокри и излезе од храмот, поминувајќи меѓу нив; и така замина.