10 И кога излегуваше од водата, веднаш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува над Него.
11 И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја.“
12 Веднаш потоа Духот Го изведе во пустината.
13 И беше таму, во пустината, четириесет дни искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеа.
14 А потоа, откако Јован беше предаден, дојде Исус во Галилеја и го проповедаше Евангелието за царството Божјо,
15 и велеше: „Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието.“
16 И, одејќи покрај Галилејското Море, Исус го виде Симон и брат му Андреј како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари.