13 И беше таму, во пустината, четириесет дни искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеа.
14 А потоа, откако Јован беше предаден, дојде Исус во Галилеја и го проповедаше Евангелието за царството Божјо,
15 и велеше: „Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието.“
16 И, одејќи покрај Галилејското Море, Исус го виде Симон и брат му Андреј како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари.
17 Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!“
18 И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.
19 Па, штом одмина малку, го виде Јаков Заведеев и брат му Јован, исто така во кораб како ги крпат мрежите;