20 веднаш ги повика и нив. И тие, откако го оставија татка си Заведеј во коработ со наемниците, тргнаа по Него.
21 И дојдоа во Капернаум; и веднаш во саботата Тој влезе во синагогата и поучуваше.
22 И се чудеа на Неговата наука, зашто Тој ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците.
23 Имаше во синагогата нивна човек со нечист дух, и извика,
24 говорејќи: „Што имаш Ти со нас, Исусе од Назарет! Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си Ти, Светец Божји!“
25 Но Исус му заповеда, велејќи: „Замолкни и излези од него!“
26 Тогаш го стресе нечистиот дух, па извика со силен глас и излезе од него.